(Фото + Видео) Одржлива фарма наспроти индустриско производство

(Фото + Видео) Одржлива фарма наспроти индустриско производство

 

Која е разликата помеѓу традиционалните фарми и масовните фабрики од индустријата за производство на месо? На светскиот ден кога се одбележува заштитата на животните на фарма правиме преглед на двата суштински различни концепти.

 

  • Услови за живот

На одржливи фарми за добиток, животните се одгледуваат на отворено (на пасишта) во текот на сезоната на растење, каде што можат слободно да се движат, да се вклучат во природните процеси кои ги опкружуваат и да консумираат природна храна.

Одржлива фарма наспроти индустриско производство

Од друга страна, во масовното индустриско производство – животните се затворени во преполни капацитети, изожени на стрес и честопати опкружени од сопствен измет. Повеќето животни се одгледуваат во затворени простории и никогаш не се во допир со почва или не ја гледаат светлината на денот.

 

  • Влијание на животната средина

Одржливите фарми одгледуваат само онолку животни колку што може да издржи нивната земја. Ова овозможува ѓубриво од животинско потекло да се користи за оплодување на посевите, служејќи како вреден ресурс, а не како опасен отпад.

Одржлива фарма наспроти индустриско производство

Животните одгледувани во индустриски услови создаваат огромно количество нетретирано ѓубриво кое или се складира во огромни базени наречени „лагуни за ѓубриво“ или се складира во џиновски шупи. Овој отпад се нанесува на околното земјиште, често загадувајќи го воздухот, водата и почвата.

 

  • Употреба на антибиотици

Одржливите производители никогаш не користат вештачки хормони или нетерапевтски антибиотици за да го забрзаат растот или да компензираат за пренатрупани, стресни услови за живот. Антибиотиците се користат само за лекување на болести, осигурувајќи дека тие остануваат ефикасни за животните и луѓето.

Одржлива фарма наспроти индустриско производство

Околу 70% од медицинските антибиотици што се продаваат во САД се даваат во фармите за животни со цел да се дејствува против болестите предизвикани од преполни, стресни услови. Како резултат на тоа, може да се развијат бактерии отпорни на антибиотици, кои можат да ги разболат луѓето и да ја намалат ефикасноста на лековите.

 

  • Влијание врз заедницата

Одржливите фарми ја чуваат животната средина, ги зачувуваат живеалиштата на дивиот свет, ги зајакнуваат локалните економии и обезбедуваат добри работни места. Агро-туризмот, програмите за земјоделство поддржани од заедницата и локалните пазари, исто така, обезбедуваат економски можности за одржливи земјоделци кои се поврзани со своите локални заедници и имаат фарми доволно безбедни и кои може и да се посетат.

Одржлива фарма наспроти индустриско производство

Фабриките, односно фармите за масовно производство на стока и месо ја оштетуваат животната средина, го загрозуваат јавното здравје и ги деградираат околните заедници предизвикувајќи депопулација, намалена вредност на земјиштето и ослабнати локални економии. Соседите трпат одвратни миризби, и изложени се на ризици од заразни болести.

 

  • Добробит на животните

Одржливите традиционални фарми ги третираат животните со почит, заштитувајќи го нивното здравје и благосостојба. Многу одржливи сточарски производители ги сертифицираат своите производи со програми за етикетирање кои бараат од животните да се движат слободно, да се остават да се однесуваат природно и да избегнуваат непотребна болка, болест и стрес.

Одржлива фарма наспроти индустриско производство

Животните во фабриките за масовно производство доживуваат високи стапки на болести и стрес и честопати се принудени да подлежат на болни процедури како што се отстранување на клунот и скусување на опашката за да се компензираат агресивните однесувања предизвикани од пренатрупаност.

 

  • Управување со фармите

Одржливите сточари можат да направат сопствен избор за тоа како да ги одгледуваат своите животни и да управуваат со нивните фарми. Често им е полесно да усвојат одржливи практики бидејќи многу од нив имаат директни односи со клиенти кои ги поддржуваат тие практики.

Многу сопственици на кланици и фарми за масовно производство се обврзани со неправедни договори со огромните корпорации. Тие можат да бидат оптоварени со огромен долг од изградба и прилагодување на нивните капацитети според стандардите на компаниите, што им го прави исклучително тешко усвојувањето одржливи методи на производство.

 

Законски е забрането неовластено преземање на содржини од МојаФарма.мк без наведување на извор на информацијата, цитат и пренесување на линк до оригиналната страница. МојаФарма.мк може да покрене соодветна постапка за заштита на своите права пред надлежен орган.

Категории: Производство