Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ) одлучи од полноќ да се зголемат малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,28 %.
Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС останува иста и изнесува 37,719 ден/кг.
Малопродажните цени бензините Еуросупер БС-95 и Еуросупер БС-98 и се зголемуваат за 0,50, а малопродажната цена на Еуродизел (Д-Е V) и цената на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) ќе остане иста и ќе изнесува 63,00 ден/лит.
Малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 72,00 ден/лит, малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 74,00 ден/лит.
Категории:
Вести