Цените на растителните масла ја задржаа својата вредност во ноември

Цените на растителните масла ја задржаа својата вредност во ноември

 

ФАО индексот на цените на растителните масла во просек изнесуваше 184,6 поени, што е маргинално намалување (0,2 %) во однос на рекордно високото ниво регистрирано претходниот месец. Ова намалување е одраз на малку пониските цени за маслата од соја и маслодајната репка, додека цените за палминото масло останаа практично непроменети. Меѓународните цени на палминото масло се задржаа на исто ниво во ноември, како резултат на притисокот поврзан со зголемената загриженост од влијанието на повторното појавување на случаите на КОВИД-19 и забавување на производството во главните земји производители. Што се однесува до маслата од соја и маслодајната репка, светските цени се умерено се намалија, во голема мера омекнати од рационализирањето на побарувачката. Во меѓувреме, пониските вредности на суровата нафта влијаеја и на цените на растителното масло.

Цените на растителните масла ја задржаа својата вредност во ноември

Извор: ФАО

Цените на растителните масла ја задржаа својата вредност во ноември 02

Извор: ФАО

 

Законски е забрането неовластено преземање на содржини од МојаФарма.мк без наведување на извор на информацијата, цитат и пренесување на линк до оригиналната страница. МојаФарма.мк може да покрене соодветна постапка за заштита на своите права пред надлежен орган.

Категории: Пазари