Еднo од највкусните и најслатки овошјe секое лето се кајсиите. По својот изглед слични се на праските, но сепак припаѓаат на фамилијата на сливите. Од нив се прават вкусни компоти и џемови, но и многу здрави природни сокови. Ако ги јадете свежи најдобро е да ги јадете неизлупени, бидејќи нивната лушпа изобилува со големи количини влакна и хранливи материи. И сувите кајсии се поеднакво здрави како и свежите и нив може да ги конзумирате низ целата година.
Ние ќе ви откриеме зошто е корисно да ја јадете свежа, додека е во сезона. Неколку нутритивните карактеристики и здравствени бенефити кои ги пружа кајсијата се:
- Калиум
Кајсиите се богати со калиум, минерал кој служи и како електролит. Тој е одговорен за испраќање нервни сигнали и правилна работа на мускулите. Затоа се препорачува да ги консумираат лица кои работат физичка работа. Кајсиите се совршена ужинка пред одење во теретана. Исто така, калиумот заедно со натриумот се потребни за оддржување правилна рамнотежа на течностите. Соодветниот внес на течности може да помогне да се спречи надуеност и во одржување на здрав крвен притисок.
- Растителни влакна
Кајсиите се особено богати со растворливи растителни влакна, што е важно за одржување на здравото ниво на шеќер во крвта и холестерол. Поради високата содржина на растителни влакна и ниското ниво на калории, ако сте на диета ја прават кајсијата одлична ужинка меѓу оброците.
- Поголемо здравје на очите
Кајсиите содржат повеќе соединенија кои се од суштинско значење за здравјето на очите. Витамините А и Е присутни во кајсиите, имаат клучна улога во одржувањето на здрав вид. Дополнително, бета каротенот – пигментот што ја дава портокаловата боја на кајсиите, е прекурсор за создавање на витаминот А. Тоа значи дека нашето тело го претвори ваквиот пигмент во активна форма на овој витамин.
- Висок степен на антиоксиданси
Кајсиите се одличен извор на многу антиоксиданси, вклучувајќи бета каротен, ликопен и витамини А, Ц и Е. како и со група полифенолни антиоксиданси наречени флавоноиди, за кои е докажано дека штитат од болести, вклучувајќи дијабетес и срцеви заболувања.
- Заштита и подмладување на кожата
Консумирањето на кајсии може да биде корисно и за вашата кожа. Витамините Ц и Е, кои ги има во ова овошје, може да Ви помогнат да имате здрава и негувана кожа. Витаминот Ц има особена улога во заштитата од ултравиолетово оштетување со неутрализирање на слободните радикали. Исто така, овој витамин помага во создавањето на колагенот, што и дава еластичност на вашата кожа и ја спречува појавата на брчки.
- Зајакнување на крвта
Кога на вашето тело му недостасува железо, тоа на подолг рок доведува до анемија –слабокрвност. Се препорачува редовна консумација на овој плод на луѓето што страдаат од анемија, бидејќи кајсиите го зголемуваат нивото на хемоглобин во крвта. Видот на железо содржано во кајсијата е не-хем железо. Ова железо не може лесно да се апсорбира од вашето тело, така што ќе остане подолго и ќе ја направи неговата функција поефикасна. Кајсијата содржи витамин Ц, кој е корисен за апсорпција на хранливи материи, па вашето тело подобро ќе го апсорбира железото.
- Хидратација на телото
Како и повеќето овошја, кајсиите се природно богати со вода. За луѓе кои не внесуваат доволно течности јадењето свежо овошје, вклучувајќи ги и кајсиите, може да помогне во задоволување на дневните количини на вода. Правилната хидратација на телото, може да помогне во регулирањето на крвниот притисок, температурата на телото и работата на срцето.
Ова овошје е одличен диетален избор, а влијае позитивно на дигестивниот систем, здравјето на коските и внатрешната хидратација на кожата. Само со две изедени кајсии во текот на денот, вие максимално ќе ја извлечете нивната хранливост и здравствениот бенефит.
Само 2 свежи кајсии (70 грама) обезбедуваат:
Калории: 34
Јаглехидрати: 8 грама
Протеини: 1 грам
Маснотии: 0,27 грама
Влакна: 1,5 грама
Витамин А: 8% од дневната вредност (ДВ)
Витамин Ц: 8% од ДВ
Витамин Е: 4% од ДВ
Калиум: 4% од ДВ
Фото: Pixabay