ФАО индексот на цените на шеќерот во просек изнесуваше 121,2 поени во септември, и е за 0,5 % повисок во однос на август и 53,5 % над нивото регистрирано во соодветниот месец минатата година.
Загриженоста за намаленото производство во Бразил, најголемиот светски извозник на шеќер, поради продолжените суви временски услови и мразови, продолжи да влијае врз зголемувањето на светските цени на шеќерот.
Покрај тоа, повисоките цени на етанолот поттикнаа поголема пренамена на шеќерната трска за производство на етанол во Бразил.
Сепак, зголемувањето на цените беше ограничено со забавување на глобалната побарувачка за увоз на шеќер и добрите изгледи за производство кај клучните извозници, како што се Индија и Тајланд.
Автор: Марио Петковски
Законски е забрането неовластено преземање на содржини од МојаФарма.мк без наведување на извор на информацијата, цитат и пренесување на линк до оригиналната страница. МојаФарма.мк може да покрене соодветна постапка за заштита на своите права пред надлежен орган.