Што преставува некроза на врвот на плодовите кај градинарските култури?

Што преставува некроза на врвот на плодовите кај градинарските култури?

 

Не ретко се среќаваме со нарушувања во растот и развојот на градинарските култури предизвикани од абиотски фактори. При овие нарушувања настануваат најразлични симптоми: хлорози, некрози и деформации. Растението ослабнува во засегнатите делови и со тоа се создаваат услови за полесно навлегување и создавање на инфекција од страна на микроорганизмите (биотски фактор). Еден од најкарактеристични симптоми при нарушувања од страна на абиотски фактор претставува недостатокот на калциум.

Калциумот е незаменлив елемент во оддржување на поволната структура на почвата, каде што заедно со органската материја овозможува поврзување на честици во структурни агрегати за создавање на хумус. Непосредно влијае и на подобрување на водно-воздушниот режим на почвата, оксидо-редукциски процеси и ја зголемува почвената биогеност (влијае на процесите на амонификација, нитрификација, биолошка азотофиксација и оксидација на сулфурот).

Недостатокот на калциум се манифестира со создавање на пеги на плодовите, заостанат раст и одрвенување на стеблото. Пегите создадени од недостаток на калциум на плодовите во форма на вдлабнати, полека омекнуваат и добиваат кафеава боја. Зафатените области предизвикани од недостаток на калциум претставуваат соодветно место за навлегување на разни патогени и остварување на инфекција.

Визуелно некрозата започнува со појава на една мала пега која подоцна се шири и може да зафати една третина од плодот. Најчесто страдаат плодовите кои се постари и покрупни.

simptom na nekroza na domat

Карактеристичен симптом на домат. Извор: https://en.wikipedia.org/wiki/Calcium_deficiency_(plant_disorder)

Причините за несоодветно присвојување на калциум од самото растение може да биде предизвикано од високи концентрации на одредени елементи како што се амонијачни соли, калиум, магнезиум и натриум. Исто така, при висока влажност во затворен систем на производство, транспирацијата се сведува на минимум и подвижноста на калциум е стопирана. Во периоди на суша со температури повисоки од 30 степени целзиусови оваа појава е со висок интензитет.

Со цел да се спречи појавата на некроза кај градинарските плодови потребно е употреба на азотно ѓубриво во форма на нитрати, но не во форма на амонијак. Дополнително, за превенција треба да се употребува прихрана со 1% раствор од калциум нитрат.

 

Aвтор: Марио Петковски

 

Законски е забрането неовластено преземање на содржини од МојаФарма.мк без наведување на извор на информацијата, цитат и пренесување на линк до оригиналната страница. МојаФарма.мк може да покрене соодветна постапка за заштита на своите права пред надлежен орган.

Категории: Култури