Јагодата е едно од најомилените овошја. Свежи, но и како состојка во сладоледи, бонбони, сокови, млечни шејкови, ретко кој може да им остане рамнодушен на нивниот уникатен сладко кисел вкус и сочна текстура.
Јагодите не се само вкусни, туку се и многу здрави!
Ова слатко овошје содржи големи количини на витамините А и Ц, како и на минерали и антиоксиданси. Сите овие соединенија го подобруваат имунолошкиот систем. Редовната конзумација на јагоди помага во лекување на анемија, зајакнување на крвта, но и го намалува ризикот од појава на срцеви болести. Исто така влијаат на одржување на нивото на шеќер во крвта, за нега на очите и го намалуваат ризикот од дебелеење. Се препорачуваат како средство за подобрување на работата на мозокот и подобрување на меморијата.
Поради фактот што јагодите содржат фолна киселина се корисни за бремените жени. Додека пак, салицилната киселина има терапевски ефект, па јагода е совршена за пилинг. Овој пилинг помага на формирањето на колаген влакна кои ја прават кожата еластична, подмлладена и тонирана.
Со својата специфична арома јагодата се користи во производството и на многу козметички производи, како што се сјај за усни, парфеми, козметика за коса и тело. Не случајно, научното име е “Fragaria”, што на латински значи „мирисна“.
Нивната нискокалорична вредност, со околу 30 калории на 100 грама ги прави омилена слатка ужинка, без разлика дали сте на диета или не.
Токму поради сите овие полезни карактеристики, јагодите се високопозиционирани во пирамидата за избалансирана исхрана. Се разбира се препорачува да се конзумираат напролет кога се од наше локално производство.
Автор: Александра Силјановска
Законски е забрането неовластено преземање на содржини од МојаФарма.мк без наведување на извор на информацијата, цитат и пренесување на линк до оригиналната страница. МојаФарма.мк може да покрене соодветна постапка за заштита на своите права пред надлежен орган.