Ангеловски на „Дубаи Експо“: Произведуваме производи по светски стандарди, привлекувањето на странски директни инвестиции високо на агендата

Ангеловски на „Дубаи Експо“: Произведуваме производи по светски стандарди,  привлекувањето на странски директни инвестиции високо на агендата

 

 

Како дел од владината делегација, претседателот на Сојузот на стопански комори на Македонија, Трајан Ангелоски се одбрати на Бизнис форумот, во рамките на „Дубаи Експо“. Тој во своето излагање истакна дека нашата земја има домашните претпријатија кои произведуваат производи по светски стандарди со највисок квалитет, како и поволностите кои ги нуди законската регулатива овозможуваат услови за странски директни инвестиции.

„Нашата земја беше една од првите во регионот која почна интензивно и сериозно да работи на привлекување на странски директни инвестиции и таа активност се развиваше во повеќе фази. Странските инвеститори веќе ги вклучуваат во своите синџирите на снабдување и домашните мали и средни претпријатија што е важно за развој на домашната економија, но и практично за нив бидејќи секогаш е полесно да се набавува на локалниот пазар отколку подалеку. Денеска сме во многу пософистицирана фаза од привлекување на странски инвестиции, имаме нова законска регулатива за привлекување на странски инвестиции и за поддршка на инвестициите на домашните компании. Исто така имаме долга историја на инженерство и добра соработуваме со научната јавност и универзитетите, што е важно за новите инвестиции и за развојот на иновациите“, истакна Ангелоски.

Ангелоски присуствуваше и на официјалната церемонија за одбележување на денот на Република Македонија на саемот, а оствари и средби со претставници на најголемите локални стопански комори.

 

Категории: Вести