4 вида на градинарски култури за нестрпливите

4 вида на градинарски култури за нестрпливите

Градинарството најчесто знае да биде долг и макотрпен процес кој бара големо внимание на дневно ниво. Но, не е секогаш така.

Правилниот избор на култури може да ве спаси од долгото исчекување за зрели плодови и за многу краток рок да донесете вкусни и здрави плодови на вашата трпеза.

Постојат повеќе видови на култури кои што можат да ви овозможат берба за околу 2 месеци, а некогаш и помалку. Исто така, при крајот на летото доколку сакате дополнителен свеж зеленчук или пак да ги пополните местата на веќе обраните култури, ви ги препорачуваме следниве култури чија што економска зрелост се достигнува за 2 или помалку месеци:

Ротквици

Ротквицата (Raphanus sativus var. radicula) е едногодишно растение од фамилијата зелкоцветни, нашироко одгледувано како коренеста зеленчукова култура. Ротквичката е ладноиздржливо и светлољубиво растение со кус вегетациски период. Коренот е ситен со овална, конусовидна или цилиндрична форма. Неговата боја варира од розова до црвена и виолетова или од комбинација од овие бои. Месото во свежа состојба е бело, сочно, кревко и густо. Во Македонија масовно се одгледува во доцна есен и рано напролет. Корењата се готови за откопување за околу 25-30 дена по никнувањето на растението.

Кинеска зелка (Бок Чои)

Претставува сорта на репка мошне присутна во кинеската кујна. Не образува главичка и има мазни темнозелени листови набрани во сноп. Особено е застапена јужна Кина и Југоисточна Азија. Бидејќи е издржлива на студ, се одгледува и во северна Европа. Може да се одгледува од семе или расад и има голем број на подвидови кои што можат да бидат одгледувани. Растението расте во висина и создава глава околу која се формираат листови кои што се за конзумација. Препорачливо е да се одгледува на плодни почви со доволни количини на калиум, азот и фосфор.

Краставица

Една од најпознатите култури кои што се одгледуваат кај нас која што може да даде плод веќе од 50-тиот ден.

Краставицата е лоза, што корени во земјата и се лози врз веќе постоечки структури, обвиткувајќи ги со тенки, спирални ластари. Лозата има големи лисја кои формираат еден вид крошна над плодовите. Плодот на типични сорти на краставица е приближно цилиндричен, но издолжен со заострени краеви, и може да биде со должина од 62 цм и пречник од 10 цм.

Спанаќ

Спанаќот е едногодишно растение, кое има изразено зелени нежни листови. Tој е еден од најмоќните пролетни зеленчуци. Спанаќот е растение кое е многу богато со вода. Тоа има многу ниска калорична вредност, 2,2% протеини, 3,9% јаглехидрати и 0,5% масти. Сепак акцентот треба да се стави на минералниот статус на спанаќот. Релативно е лесен за одгледување и првата берба може да се очекува во 4 – 6 недела од неговиот развиток.

 

Категории: Култури