Поранешен банкар произведува џем и сокови под брендот „Bankers Jam“

Поранешен банкар произведува џем и сокови под брендот „Bankers Jam“

 

По четири години работа во финансиски компании во Лондон, вклучително и JP Morgan Chase, Андреа Талиабуе одлучи да се откаже. Денес, решителната одлука на Италијанецот да се врати во родната Ломбардија и да живее поблиску до природата инспирира многу негови сонародници кои сакаат да ги напуштат своите работни места.

Андреа, кој научил да одгледува јагоди и ги насочил своите вештини во сѐ повеќе популарниот бизнис со џем и сокови „Bankers Jam“, сега е миленик на италијанските медиуми. Поранешниот банкар вели дека е бомбардиран со стотици прашања од преоптоварени вработени, вклучително и поранешни колеги од финансискиот сектор кои сакаат да ги напуштат  своите бироа и да си ги извалкаат рацете.

Во моментов, се повеќе Италијанци ги преиспитуваат своите кариери и животни цели. Како и „Големата оставка“ во САД, рекорден број на вработени во Италија без размислување ги напуштаат своите работни места. Доброволните оставки скокнале за 85 отсто во вториот квартал во однос на истиот период во 2020 година, покажуваат најновите податоци на Министерството за труд.

Сепак, италијанската верзија на трендот на доброволни оставки има локална димензија – ги враќа вработените од другите сектори на основите на Италијанското стопанство, а тоа саекако е прехранбената индуструја и земјоделските корени на земјата. Бројот на фарми управувани од лица помлади од 35 години се зголеми за 14 отсто минатата година, според Coldiretti, организацијата што ги претставува земјоделците на национално и европско ниво. Подемот го предводат бизнисмените од другите сектори, кои за првпат се занимаваат со земјоделство.

Андреа, која го создаде „Bankers Jam“ во 2018 година, е еден од нив. Преиспитувајќи го својот живот, 33 годишниот поранешен банкар си рекол: „Доста е со стресот и лудите прекувремени работни часови“. Денес работи за себе и ги гледа плодовите на сопствениот труд.

Иако успешните приказни како онаа на Андреа инспирираат повеќе Италијанци да ги следат своите соништа, крајот на привремената забрана за отпуштања од пандемијата, исто така, даде одреден придонес во нивните одлуки. И некои од најновите оставки најверојатно ќе бидат „принудени“, според истражувачот на lavoce.info Франческо Армили на веб-страницата. Сепак, тој не исклучува дека овие заминувања се резултат на просветлувањето добиено за време на кризата.

 

Категории: Вести