Започна откупот на тутунот од годинашната реколта

Започна откупот на тутунот од годинашната реколта

 

Започна откупот на тутунот од годинашната реколта, кој ќе се презема на 173 откупни пункта во државата. Вчера беа отворени 20 пункта од Прилепскиот тутунски комбинат, „Сокотаб” од Битола и „Алијанса” од Кавадарци.

Тутунарите очекуваат повисока цена, бидејќи, како што велат – квалитетот оваа година е добар. Годинава се склучени договори за околу 22.200 тони тутун.

Директорот на Државниот инспекторат за земјоделство, Зоран Шапуриќ, изјави дека од осумте регистрирани откупувачи досега 5 откупувачи обезбедиле финансиски средства за откуп на договорените количини на тутун.

– „Годинава се очекува да биде повисока просечна цена од минатата година со оглед на најавите дека квалитетот на тутунот е подобар од лани. ДИЗ за време на откупот постојано ќе биде присутен на терен и ќе врши надзор согласно законот“ – изјави Шапуриќ.

Откупот официјално ќе трае до 31 март наредната година.

 

Категории: Вести