Индекс на цени во земјоделството: Зголемување во инпутот за 13.1%, а во аутпутот за 3.4%

Индекс на цени во земјоделството: Зголемување во инпутот за 13.1%, а во аутпутот за 3.4%

 

Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на цените во земјоделството во декември 2021 година, во однос на истиот месец од претходната година, кај инпутот е зголемен за 13.1%, а кај аутпутот зголемувањето изнесува 3.4%.

Во декември 2021 година, во споредба со декември 2020 година, индексот на цените на инпут 1 (тековно потрошени средства во земјоделството) изнесува 113.6, а индексот на цените на инпут 2 (средства наменети за инвестиции во земјоделството) изнесува 106.9.

Во делот аутпут, во декември 2021 година, во споредба со декември 2020 година, индексот на цените на растителното производство изнесува 104.2, а индексот на цените на добиточното производство изнесува 101.3.

 

Категории: Вести