Дизелот поскапува за половина денар, бензините за еден денар по литар

Дизелот поскапува за половина денар, бензините за еден денар по литар

adrotate banner=”38″]

 

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ) одлучи од полноќ да се зголемат малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,01 %.

Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се зголемува за 0,509 ден/кг и сега ќе изнесува 44,722 ден/кг.

Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) и ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) ќе се зголеми за 0,50 ден/лит.,  ЕУРОСУПЕР БС-95 и на ЕУРОСУПЕР БС-98 ќе се зголемат за 1,00 ден/лит.

Со тоа, малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 ќе изнесува 79,50  ден/лит и 81,50 ден/лит за ЕУРОСУПЕР БС-98,  а пак малопродажната цена за Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) и за ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) ќе изнесува 71,50 ден/лит.

 

Категории: Вести