Да се повикаат на разговор откупувачите на јагнешко – Во спротивно, можна радикализација

Да се повикаат на разговор откупувачите на јагнешко – Во спротивно, можна радикализација

 

 

Здружението на земјоделци „АГРО Центар“ на својот Фејсбук профил излезе со свој осврт во врска со актуелната откупна цена на јагнето. Во нивната објава тие го велат следново: „Моментално откупот на јагниња се врши по цена која е под производната. Секоја цена под 180 денари за килограм жива мера за нас е неприфатлива. Тоа е неиздржливо за нашите сточари кои произведуваат јагнешко месо.“

Од здружението апелираат до одговорните во Министерството за земјоделство да ги повикаат на средба откупувачите на јагниња и јасно да им се укаже на проблемите со кои се соочуваат сточарите во однос на набавката на храна и трошоците за одгледување на јагнињата. Во спротивно, велат од Здружението, можно е да има револт и преземање на радикални мерки од сточарските здруженија.

 

Извор: Агро Центар

Категории: Вести