Житариците стабилни со својата цена на глобалните пазари

Житариците стабилни со својата цена на глобалните пазари

 

 

ФАО Индексот на цените на житните култури во просек изнесуваше 140,6 поени, што претставува маргинално покачување за разлика од декември и 12,5 % над нивото од пред една година.

Глобалните цени на пченицата се намалија во јануари како резултат на зголемени сезонски залихи од високо приносните  жетви во Австралија и Аргентина. Сепак, преку континуираната силна побарувачка во услови на тесна глобална достапност на поквалитетна пченица, како и несигурноста околу залихите што може да се извезат, спречија натамошен пад на цените. Од друга страна, извозните цени на пченката, во јануари,  имаа поголема сигурност на пазарот што резултираше со 3,8 % повеќе од декември, најмногу поради загриженоста од постојаните услови на суша во јужната хемисфера, имено Аргентина и Бразил.

Меѓу другите крупни житарки, цените на просото исто така се зголемија во јануари, во согласност со трендовите на цените на пченката, додека цената за јачмен се намали со помал интензитет. Завршувањето на жетвата на главните култури кај главните добавувачи и набавките од азиските купувачи, исто така, ги зголеми меѓународните цени на оризот во јануари за 3,1 %.

 

Извор: ФАО

Извор: ФАО

Извор: ФАО

 

Законски е забрането неовластено преземање на содржини од МојаФарма.мк без наведување на извор на информацијата, цитат и пренесување на линк до оригиналната страница. МојаФарма.мк може да покрене соодветна постапка за заштита на своите права пред надлежен орган.

 

Категории: Пазари, Слајдер