Чекор со иднината – Трактор од компанијата John Deere кој може автономно да ја обработува почвата, сее и да избегнува препреки

Чекор со иднината – Трактор од компанијата John Deere кој може автономно да ја обработува почвата, сее и да избегнува препреки

 

 

Светски познатата компанија за производство на земјоделска механизација, John Deere, во текот на оваа година планира да понуди на пазарот автономен трактор од серијата 8R, кој може да ора, сее и да избегнува препреки со минимална интервенција од страна на човекот. Изгледа како секој друг трактор на John Deere –  зелен и жолт – но има шест пара стерео камери кои користат вештачка интелигенција за да ја скенираат околината и соодветно да маневрираат. И фармерот не треба да биде блиску до машината за да работи, бидејќи има апликација за паметен телефон преку што може да контролира сè. Тракторот ќе биде пуштен во продажба подоцна оваа година.

Серијата 8R претставува една од најголемите и најсофистицирани серии на трактори произведени во моментот. Оваа серија нуди трактори кои што имаат голема моќност, безброј алатки кои што го усовршуваат изведувањето на агротехнички операции, звучна изолација и голема удобност во самата кабина и можност за адаптација во зависност од потребата на фармерот.

 

Автономната земјоделска опрема како сензори за почва, специјализирани дронови и самоуправувачки трактори се клучни за иднината каде што можеме да произведуваме повеќе храна со помал напор и помало негативно влијание врз животната средина. Но, кој е задолжен за таа иднина и кој има корист од тоа допрва треба да се утврди.

Има причина да се верува дека земјоделците кои поседуваат илјадници хектари ќе бидат први на ред да ги купат новите самоуправувачки трактори на John Deere. Со модели кои се движат од 230 до 410 коњски сили, тракторите John Deere 8R се големи машини дизајнирани за големи фарми. Моментално, компанијата не открива колку ќе чини нејзиниот нов автономен трактор, но постоечките, неавтономни модели во линијата 8R може да чинат и над 600.000 долари. Исто така, компанијата планира системот за автоматизација да го понуди како комплет кој може да се инсталира на други модели на трактори од брендот на John Deere.

Но, дури и ако фармерот целосно го купи тракторот, не е јасно кој всушност ја поседува опремата или земјоделски податоци кои што се генерираат на полето. Најновите трактори од John Deere имаат голем брон на  сензори кои се поврзани на интернет. Речиси сè што прави машината се евидентира и се пренесува до облакот од вградениот мобилен предавател, а John Deere има способност далечински да ги исклучи своите трактори ако утврди дека некој ја изменил нивната опрема или пак не е исплатен некој дел од инвестицијата. Многу фармери велат дека не можат сами да ги поправаат тракторите, за да не го исклучат прекинувачот што целосно ја оневозможува машината. Ова значи дека тие се принудени да му платат на John Deere или неговите овластени работилници за нивните потреби за одржување.