(Видео) Механизација за берба на грозје која се покажала како најдобра

(Видео) Механизација за берба на грозје која се покажала како најдобра

 

Достапноста на работници во текот на бербата на грозјето претставува еден од најголемите предизвици со кои се соочува лозарскиот сектор. Во минатото, не претставувало проблем да се најдат доволен број на искусни работници кои што ефективно ја вршат својата работа, но во последните години ова претставува невозможна мисија. Поради ова произведувачите на грозје започнаа да имплементираат нови стратегии и технологии при извршувањето на една од клучните работи во текот на сезоната, бербата на грозје.

Имплементацијата на нови технологии значи автоматизирање на целата операција и за таа цел тимот на Моја Фарма во продолжение ви претставува дел од најупотребуваните машини за берба на грозје.

Њу Холанд Брауд 9 серија

Брауд 9 серијата од светски познатиот бренд за производство на механизација, Њу Холанд, претставува една исклучително квалитетна машина која што може да ги задоволи потребите и на најголемите производители на грозје.

Карактеристично за сите досега произведени серии  е тоа што е задржан флексибилниот систем за протресување на гроздинките и НОРИА системот за внимателно складирање на грозјето. Постојат главно три типа на машини кои што можат да бидат употребени во мали, средни и големи лозови насади. Исто така, како новитет е додаден модел со странична подвижна трака за транспорт на грозјето овозможувајќи ефикасна и брза берба без дополнителни операции.

За тоа на каков принцип функционира машината за берење на грозје, погледнете го видео записот:

Пеленц Оптимум

Машината што ја нуди компанијата Пеленц претставува навистина револуционерна направа која овозможува имплементација на различни компоненти за извршување на најразлични операции во лозарството. Преку откачување и закачување на различните делови може да се изврши прскање, ѓубрење, кастрење, подигнување на лози, отстранување на лисја и берба на грозје.

Оксбо 6230

Оваа машина е резултат на тесната соработка помеѓу лозарите и компанијата Оксбо и претставува супериорен производкој ги задоволува сите потреби при извршување на најважната операција од производната година. Со мотор од 173 коњски сили произведен од страна на Џон Дир и специјално креирани делови за берба, чистење и транспорт на гроздовите овозможува беспрекорна работа на стрмни терени и во насади со рекорден принос.  Главниот дел од машината кој навлегува во редовите има можност за подесување во зависност од растојанието на столбовите во насадот.

 

Автор: Марио Петковски

Законски е забрането неовластено преземање на содржини од МојаФарма.мк без наведување на извор на информацијата, цитат и пренесување на линк до оригиналната страница. МојаФарма.мк може да покрене соодветна постапка за заштита на своите права пред надлежен орган.

Категории: Механизација