Николовски: Македонските јаболка ќе бидат достапни за нашите деца во секое училиште

Николовски: Македонските јаболка ќе бидат достапни за нашите деца во секое училиште

 

 

„Оваа година започнуваме со усогласување на нашите политики со европските. Ќе се донесат повеќе закони, меѓу кои и Законот за вино, Законот за директни плаќање, Законот за рурален развој, за уредување на пазарите, преку кој се уредуваат сите производители, но од друга страна го регулираме и вишокот на производи, ги уредуваме школските шеми“ – кажа министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски за ТВ Стар. Тој додаде дека тоа значи дека преку системско воведување, македонските јаболка ќе може да се најдат во менито на нашите деца во секое улчилиште ширум земјата.

Јаболка

„Од оваа година исто така сите ќе добиваат линеарна субвенција и дополнително државата ќе одлучи кои култури се од стратешко значење како би биле финансирани. Во текот на оваа година ќе правиме анализи и ќе знаеме кои се стратешките култури што државата треба да ги поддржува финансиски“ кажа Николовски.

Тој додаде дека земјоделците однапред ќе знаат дека поддршата за тие стратешки кулутри ќе ја имаат и дека за прв пат од 2004 наваму, субвенциите за тековната година ќе се исплаќаат во истата таа година.

 

Категории: Вести