(Видео) Дали можеме да создадеме „совршена“ фарма?

(Видео) Дали можеме да создадеме „совршена“ фарма?

 

 

Тенденциите за ефикасно земјоделство постојат колку што постои самото земјоделство. Идеалот за создавање на „совршена“ фарма континуирано се проткајува низ цела историја на постоењето на земјоделството.

Како започнало сè? Пред околу 10.000 години луѓето (кои дотогаш биле ловци и собирачи на плодови кои им ги пружала природата) започнале да се занимаваат со земјоделство. Обработката на земјата претставува пресвртница во нашата историја, со што се овозможило создавање на цивилизации.

Денес, речиси 40% од нашата планета е обработливо земјиште. Распространети низ целиот свет, овие обработливи површини се дел од глобалната сложувалка. Имајќи ја предвид големата слика, се соочуваме со неизбежното прашање: како во иднина да го нахраниме секој член на рапидно растечката популација? Воедно, како храната која ќе се обезбеди да биде здрава и богата со хранливи материи?

Кои се предизвиците во земјоделството кои нè очекуваат во иднина? Да го погледнеме следново видео:

 

 

Категории: Едукација, Слајдер