Николовски: Постигнат договор со одгледувачите на овци

Николовски: Постигнат договор со одгледувачите на овци

 

 

Постигнат договор со одгледувачите на овци, информира министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски.

„Новата системска мерка за предадено јагне во кланичен капацитет во висина од 400 денари ќе продолжи во текот на цела година, а не само до мај како што беше досега. За ова ги информирав сточарите на средбата во Битола.

На нивно барање основната субвенција во износ од 1200 денари по грло продолжува.

Дополнително ги информирав за формираното Координативно тело, заедно со АХВ и ПлатежнатаАгенција, преку кое ќе ги утврдуваме сите можни манипулации, зголемување на санкции, контрола на ветеринарните друштва и утврдување на точната бројка на овците како приоритет.

Секогаш сме заедно со земјоделците. За таа цел од оваа година на располагање се и средствата од интервентниот фонд кој е наменет за сите сектори вклучувајќи ги и сточарите.

Остануваме верни партнери на земјоделците, сточарите, во сите процеси“ – информира Николовски.

 

Категории: Вести