Германските произведувачи на храна предупредуваат за најголемата криза од Втората Светска Војна
Месната индустрија во Германија алармира дека високите цени на енергијата, логистиката и стоката за колење ги уништуваат сите пресметки. Други здруженија за храна дури зборуваат за најголемата криза со суровините по Втората светска војна. Ова наскоро ќе го почувствуваат и потрошувачите.
Во Германија значително поскапуваат месото и колбасите. Големите производители како Tönnies, Westfleisch или The Family Butchers бараат нивните клиенти веднаш да ги прилагодат цените нагоре – а супермаркетите и дисконтите во Германија, познати по нивната агресивна политика на цени, очигледно се подготвени да го следат примерот.
„Трговијата реално ја проценува моменталната ситуацијаа“, известува Хуберт Келигер, менаџер за продажба на групацијата во Westfleisch. Стравот на малопродажните синџири дека повеќе нема да можат да си ја набават робата изгледа преголем. И уште една најава на Келигер покажува дека ова сценарио е дефинитивно закана: „Ни треба брзо враќање на трошоците, инаку снабдувањето со свежо месо и производи од колбаси веќе нема да функционира.“ А Tönnies исто така го задржува правото да ги раскине договорите доколку е потребно поради виша сила.
Причината за тензичната ситуација е војната во Украина. „Трошоците неодамна експлодираа“, известуваат од Здружението на месната индустрија (ВДФ). Кризата со корона веќе ги оптоваруваше синџирите на снабдување. Сега ситуацијата е уште полоша. Во писмото до своите клиенти, лидерот во индустријата Tönnies наведува, меѓу другото ги наведува високите цени на електричната енергија и бензинот како и прекини од добавувачите, плус виша сила во логистиката поради отсуство на украински возачи трошоци кои сега ќе се пренесат во во примарното земјоделство и на месната индустрија.
Извор: Welt