Организацијата за храна и земјоделство на Обединетите нации (ФАО) предупреди дека страшната криза со глад во Јемен се движи во насока на „директна катастрофа“.
Според ФАО влошување на хуманитарната ситуација во Јемен ќе биде во втората половина од годинава. Се проценува дека рекордни 19 милиони луѓе најверојатно нема да можат да ги задоволат минималните потреби за храна во тој период. Во Јемен околу 2,2 милиони деца се сериозно неухранети, а околу половина милион од нив се во животозагрозувачка состојба.
– Овие застрашувачки бројки потврдуваат дека сме на одбројување до катастрофата во Јемен и речиси немаме време да ја избегнеме. Доколку веднаш не добиеме значителни нови средства, ќе следи масовен глад, изјави извршниот директор на Светската програма за храна, Дејвид Бисли. Граѓанската војна што од 2014 година се води во Јемен, предизвика една од најтешките хуманитарни кризи во светот.
Слични Новости

ЈАВЕН ПОВИК за доставување на барањa за користење на средства за реализација на Програмата за капитални субвенции за развој на плански региони во областа на земјоделството и руралниот развој за 2021 година
