МЗШВ и УКИМ потпишаа Меморандум за соработка со кој ќе се унапреди стручната и научна комуникација
220 Прегледи
Младите се нашата иднина. Чест ми е што за прв пат МЗШВ и УКИМ потпишаа Меморандум за соработка со кој ја унапредуваме стручната и научна комуникација, истакна министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски.
„Преку овој Меморандум ќе овозможиме организирање и реализација на практична настава и кариерно унапредување на студентите, со што по завршувањето на студиите ќе бидат подготвени директно да се вклучат во работни ангажмани со претходно стекнато практично искуство“, посочи Николовски.
Николовски потенцираше дека во време на нови напредни технологии младите со нивното знаење ќе дадат значаен инпут во развој и модернизирање на македонското земјоделство, а со тоа и во севкупниот економски развој на државата.