Ќе се носи нов Закон за дивеч и ловство – До кога може да учествувате во јавниот увид?
485 Прегледи
Министерството за земјоделство го започна процесот за носење на нов Закон за дивеч и ловство, а иницијативата е поставена и на ЕНЕР. Според првичните информации јавниот увид во Законот за дивечот и ловството може да се изврши на следната електронска адреса: ener.gov.mk или во просториите на Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство почнувајќи од 08.04.2021 заклучно со 23.04.2021.
Јавната расправа за Закон за дивечот и ловството ќе се одржи на 28.04.2021, за што навремено ќе биде објавена покана до засегнатите страни за учество во јавна расправа.
Со овој закон се уредуваат: одгледувањето, заштитата, ловењето и користењето на дивечот и неговите делови, заштита, зачувување и унапредување на местоживеењата на дивечот, востановување, уредување и одржување на ловиштата, начинот на давањето на дивечот на користење, како и други прашања од значење на дивечот и ловството.

На следниот линк може да го преземете Нацрт Законот за дивеч и ловство.
Категории:
Вести