PepsiCo ја најави позитивната земјоделска агенда која предвидува до 2030 година емисиите од земјоделскиот инпут кои се создаваат за потребите на компанијата, да се намалат за 3 тони на јаглероден диоксид.
Исто така Pepsi презема обврска до крајот на декадата да опфати 250 илјади луѓе инволвирани во нивниот земјоделски синџир за подобрување на нивната социјална положба и благостојба.
Една од поважните цели на Pepsi во новата позитивна земјоделска агенда е и за сите клучни состојки кои им се неопходни во производство на пијалоци и останатиот асортиман, изворот на набавка да биде целосно односно 100% обновлив или регенеративен.
Производителот на пијалоци во планот ќе опфати површина од 7 милиони хектари низ целиот свет каде се врши садење и одгледување на култури за состојките кои ги користи Pepsi и низ сите овие фарми и насади ќе се воведат одржливи земјоделски практики.
Според раководството на компанијата секој план за справување со итните предизвици на глобалниот систем на исхрана мора да вклучува мерки за земјоделството, исхраната, бидејќи тоа е клучно за надминување на нееднаквоста и опасноста од климатските промени.
За да го спроведе овој план за целокупниот земјоделски и прехранбен синџир Pepsi ќе вложи многу во дигитални решенија и иновации и ќе соработува со повеќе невладини организации и експерти.
Главната амбиција е компанијата до 2040 да стане целосно климатска неутрална, односно да нема емисии на јаглероден диоксид и да не предизвикува никакви негативни влијанија врз климатските промени.