(видео) Како да ги заштитите растенијата од почвените ларви кои многу брзо се шират?
Ситните почвени црви кои што со малку подетално набљудување можат да се забележат како се движат во почвата во зоната на кореновиот систем, всушност претставуваат ларви кои биле снесени од страна на мувите.
Ларвите имаат должина од 5-7 милиметри со бледожолта боја. Во пределот на главата имаат тап завршеток кој служи за движење во почвата и навлегување во тенките коренчиња од растенијата. Возрасна единка може да положи до 100 јајца во период од два дена или помалку. За 3 до 10 дена во зависност од условите, од снесените јајца излегува ларва која што започнува да се движи, навлегува во коренот на растенијата и може да нанесе големи штети.
Иако тешко се контролираат постојат неколку методи за сузбивање на овој штетник како што е употреба на Дијатомејска земја која е нанесена рано во сезоната на садење на растенијата. Природата на овој субстрат кој е создаден од посебен вид на праисториски животни делува како микроскопски парчиња стакло кои го расекуваат мекото тело на ларвата. Правилен и редовен плодоред исто така претставува мерка за сузбивање, како и употреба на пестициди или предаторски инсекти.
За механизмот на нападот на растенијата, погледнете го следното видео:
Aвтор: Марио Петковски
Законски е забрането неовластено преземање на содржини од МојаФарма.мк без наведување на извор на информацијата, цитат и пренесување на линк до оригиналната страница. МојаФарма.мк може да покрене соодветна постапка за заштита на своите права пред надлежен орган.