Воведен нов резистентен ген за сивата дамкавост на пченицата кој заштедува милијарди
Сивата дамкавост како една од честите болести на пченицата може да предизвика големи штети, но со соодветно генетско третирање одгледувачите имаат можност да заштедат и да ги намалат трошоците. Болеста се карактеризира со некротични лезии кои настануваат по угинувањето на растителните клетки.
Најчесто се појавува при студено и влажно време. Моментално се наоѓа на првото место како најчеста болест на пченицата во Европа. Според Универзитетот Вагенинген од 5-10% од годишниот принос кај пченицата е намален токму поради сивата дамкавост. На светско ниво, годишно се трошат околу 1 милијарда евра за заштита од оваа болест.
Група на интернационални истражувачи опишале ген (Stb16q), кој ако се вметне во генетскиот код на пченицата ја прави резистентна на сивата дамкавост – септорија. Преку вметнување на генот во генетскиот код многу полесно може да се развиваат нови резистентни сорти на пченица преку традиционалните начини на вкрстување кои што ги користат компаниите за производство на семенски материјал.
Како резултат на овој ген, одгледувачите ќе трпат многу помали штети и ќе биде потребно многу помалку средства за заштита на растенијата.
Автор: Марио Петковски
Законски е забрането неовластено преземање на содржини од МојаФарма.мк без наведување на извор на информацијата, цитат и пренесување на линк до оригиналната страница. МојаФарма.мк може да покрене соодветна постапка за заштита на своите права пред надлежен орган.