Услови за големи штети предизвикани од паразит во пчеларството

Услови за големи штети предизвикани од паразит во пчеларството

 

Оваа година за пчелите и пчеларите е особено тешка. Низа на настани и разни климатски промени кои не се својствени во периодот на цутење на медоносните растенија резултираа со многу мал принос на мед. Како резултат на тоа има се помалку храна во кошниците и затоа многу пчелари веќе активно ги прихрануваат пчелините легла. Ослабнатите роеви на пчели поради недоволната храна и лошите временски услови стануваат особено подлoжни на паразитарни заболувања од кои најголема штета предизвикува вароата.

Вароа претставува паразитно заболување кај возрасните пчели кое е предизвикано од крлежот Varroa destructor – паразит видлив со голо око.

Возрасна женка од овој паразит е долга 1¸7 мм и широка 1¸5— 1¸99 мм. Нејзиното тело е овално и покриено со цврсто кафено-црвен хитински оклоп. Целото тело е обраснато со деликатни влакна и куки кои помагаат паразитот да биде закачен на телото од пчелите. Устениот апарат е развиен и служи за цицање на хемолимфата на пчелите и пчелните ларви. Возрасната женка има четири пара нозе специјално дизајнирани за да се прилепи кон телото на пчелата. Првиот пар нозе е со различна функција и служат како орган за ориентација и мирис.

паразит во пчеларството

Вароа деструктор

Мажјаците се помали од женките и имаат понежна конструкција. Боите се белузлаво сиви и нивното тело е покриено со слаб хитинозен оклоп и веднаш по парењето угинуваат.

Женката живее два до три месеци во лето и шест до осум месеци во зима. Постигнува целосна зрелост за седум дена и на таа возраст почнува да полага јајца иако е без храна. Бројот на јајца што ги носи е различен и се движи до неколку десетици. Предизвикува директни штети, го ослабнува леглото и е вектор за габни заболувања.

Сузбивањето на вароата може да се врши со специјални препарати како што е амитраз и во органско пчеларење се користат мравја и оксална киселина.

 

Автор: Марио Петковски

Законски е забрането неовластено преземање на содржини од МојаФарма.мк без наведување на извор на информацијата, цитат и пренесување на линк до оригиналната страница. МојаФарма.мк може да покрене соодветна постапка за заштита на своите права пред надлежен орган.

 

Категории: Сточарство