Отварање на подрачна единица во Долно Лисиче – заеднички проект на Општина Аеродром и МЗШВ

Отварање на подрачна единица во Долно Лисиче – заеднички проект на Општина Аеродром и МЗШВ

 

Градоначалникот на Општина Аеродром, Златко Марин  заедно со министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Аријанит Хоџа, извршија увид месната заедница „Долно Лисиче“ и ги разгледаа можностите и капацитетите за отворање подрачна единица во Долно Лисиче, токму на оваа локација, како заеднички проект на Општина Аеродром и Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.

-Целта е да се подобри руралната егзистенција на граѓаните и руралните заедници и да им се овозможи на земјоделците полесен пристап до информации и услуги-истакна Марин.

Според податоците на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, земјоделскиот сектор постојано расте, а бројот на регистрирани земјоделски стопанства е во нагорна линија, особено кај младите и кај жените земјоделци. Тие активно се вклучуваат како корисници на мерките и политиките на Министерството, креирани за да стимулираат и да поддржат идеи и проекти со развојна компонента што ќе влијае врз домашната економија.

„Ние како министерство постојано работиме на подобрување на условите на нашите подрачни единици, во насока на олеснет пристап до информации и услуги за земјоделците. Во Општина Аеродром досега немаше подрачна единица на Министерството, но во соработка со градоначалникот е обезбеден простор во рамките на Месната заедница „Долно Лисиче“, каде што наскоро ќе биде отворена за работа нова подрачна единица за потребите на Министерството. Со овој чекор ќе им овозможиме на земјоделците што гравитираат во овој реон полесен пристап до нашите услуги“, изјави министерот Хоџа.

 

Категории: Вести