Миле Крцоски е млад земјоделец од Мешеишта, општина Дебарца. Фамилијарно се занимаваат со одгледување на цреши и јаболки, а поседуваат и фарма за бројлерско производство. На последниот повик за мерка 112 – помош на млади земјоделци за започнување на земјоделска дејност аплицирал и добил грант од 10.000 евра. Со тие средства набавил машина за сушење на овошје.
Сушена цреша и сушено јаболко се само дел од производната лепеза која ќе се најде на пазарот. Замислата е да се пласираат како нов бренд со исклучителен квалитет. АФПЗРР продолжува со поддршка на младите луѓе кои сакаат да инвестираат во земјоделството.
Од денес активен е нов јавен повик за мерка 112. Поддршката е во вид на грант од 10.000 евра кој е предвиден за лица до 40 години кои се регистрирани како како индивидуални земјоделци (И.З) согласно одредбите од законот за вршење на земјоделска дејност и законот за пензиско и инвалидско осигурување.
„Наша главна цел е да ги поддржиме младите луѓе чија основна професија и дејност е земјоделството“, изјави на својот фејсбук профил Никица Бачовски, директорот на Агенцијата за финансиска поддршка на земјоделството и руралниот развој.
Краен рок за поднесување на апликации е 29.08.2021
За повеќе информации – www.ipardpa.gov.mk