Зошто стрништата се палат?

Зошто стрништата се палат?

 

Традиционалното сезонско палење на нивите означува нивно припремање за сеидба во есенските денови. Со овој процес, земјоделците ја захрануваат почвата и ги чистат полињата од штетници.

Праксата за палење на полињата по жетвата (стрништа) е една од најстарите процеси за регулирање на почвениот состав и археолошките анализи упатуваат на ова го практикувале дури и домородните племиња во Северна Америка. Палењето на земјоделски површини денес може да се сретне насекаде низ светот и секаде поради истата причина. Низ светот е најпозната јапонската традиција на “јакихата” односно ѓубрење на нивите преку умерено палење на околната вегетација.

За тоа како изгледа јапонската метода, погледнете го документарното видео подолу:

Сезонското палење на полињата е земјоделска метода позната како планирано палење. Ова палење има за задача да изврши сува стерилизација на почвата со цел уништување на коров и паразити како и ослободување на минералните состојки во не обработената вегетација.

Преку палењето на стрништата се уништуваат плевелните растенија, инсектите и сите нивни форми, глодари, полжави и други почвени жители кои можат да наштетат на посевот кој ќе се одгледува наредната сезона. Со горењето на обработената вегетација, минералните состојки во неа повторно се враќаат во почвата со што се подобрува нејзиниот квалитет.  Според традиционалните земјоделски стандарди иако пожарот делува опасно сепак е најдобар начин за побогата вегетација.

Но, иако планирани – сепак пожарите може да предизвикаат и предизвикуваат големи штети на природата и на живиот свет. Со се поголемата побарувачка за храна, се зголемува и потребата за земјоделско земјиште, а со тоа и потенцијално палење на површините.

Во Македонија секоја година се палат нивите и полињата. Освен што се загадува воздухот, кај нас се јавува често и проширување на пожарот и појава на општи или шумски пожари. Државните институции често апелираат кон земјоделците, но досега без успех.

Зошто стрништата се палат

Модерното земјоделство нуди нов пристап кон одржливо производство на храна без палење. Но додека тие системи се применат кај нас се препорачува умерено користење на методата на палење и одговорност кон регулирање на горењето со цел спречување општи пожари кои може да се прошират и да предизвикаат огромни штети.

 

Автор: Марио Петковски

 

Законски е забрането неовластено преземање на содржини од МојаФарма.мк без наведување на извор на информацијата, цитат и пренесување на линк до оригиналната страница. МојаФарма.мк може да покрене соодветна постапка за заштита на своите права пред надлежен орган.

Категории: Култури