(Видео) Земјоделството може да го зароби јаглеродот за спас од климатските промени
„Јаглеродното земјоделство“ е нов начин на земјоделство со кој се складира (заробува) јаглеродот во почвата, наместо да биде причина за испуштање на јаглероден диоксид во природата и да биде еден од причинителите за климатските промени.
При употреба на традиционалните методи во земјоделството, јаглеродот завршува како CO₂ во нашата атмосфера, предизвикувајќи климатски промени. „Јаглеродното земјоделство“ опфаќа низа методи и начини на делување – од мали прилагодувања на ниво на фарма (примена на ѓубрива богати со јаглерод, намалена или целосно укината обработка на почвата, или садење покривни посеви), па се до промени во целиот земјоделски систем – како збогатена ротација на земјоделските култури или агрошумарство.
Со јаглеродното земјоделство – земјоделците ја користат моќта на почвата за да ги складираат емисиите на јаглерод од индустријата, инфраструктурата и домаќинствата во близина. Ова резултира со подобра клима, поплодно и поотпорно земјоделско земјиште, а истовремено се создаваат можности во и надвор од агро-прехрамбениот синџир.
Видеото подолу објаснува како јаглеродното земјоделство се вклопува во глобалниот циклус на јаглерод и како истото може да придонесе за ублажување на климатските промени:
Доколку сѐ уште не ви се јасни термините „Јаглеродно земјоделство“ и „Складирање на јаглерод“ – Ве охрабруваме да ги погледнете и следните две куси видеа, каде на едноставен начин се објаснети овие термини: