Стратегијата за биоекономија ги поддржува политичките приоритети на Европската Комисија – Што презема ЕУ, акциски план, национални стратегии, временска рамка и документи.
Стратегијата за биоекономија ќе го забрза создавањето на одржлива европска биоекономија.
Има 5 цели:
- обезбедување безбедност на храната и хранливите состојки
- одржливо управување со природните ресурси
- намалување на зависноста од необновливи, неодржливи ресурси
- ограничување и прилагодување на климатските промени
- зајакнување на европската конкурентност и отворање работни места
Стратегијата има голем придонес за исполнување на Европскиот зелен договор, како и за поддршка на индустриски, кружни економии и стратегии за иновации за чиста енергија.
Стратегијата се спроведува преку Акциски план.
- Акциски план
Акцискиот план за биоекономија содржи 14 конкретни мерки, поделени во неколку поткатегории:
Зајакнување и зголемување на биобазирани сектори, отворање можности за нови инвестиции и пазари
- мобилизирање на засегнатите страни во развивање и распоредување одржливи биобазирани решенија
- започнување со тематска инвестициска платформа за кружна биоекономија од 100 милиони евра
- анализирање на можностите и пречките за распоредување на биобазирани иновации
- промовирање и развивање на стандарди
- олеснување на распоредувањето на нови одржливи био-рафинерии
- изнаоѓање на замени на фосилни материјали кои ќе бидат био-базирани, кои ќе можат да се рециклираат и воедно да бидат биоразградливи во вода
Брзо распоредување на локалните биоекономии низ цела Европа
- започнување стратешка агенда за распоредување на одржливи системи за храна и земјоделство, шумарство и биобазирани производи
- започнување пилот-акции за распоредување на биоекономии во руралните, крајбрежните и урбаните области
- поддршка на регионите и земјите од ЕУ да развијат стратегии за биоекономија
- промовирање на образование, обука и вештини преку биоекономијата
Разбирање на еколошките граници на биоекономијата
- подобрување на знаењето за биодиверзитетот и екосистемите
- следење на напредокот кон одржлива биоекономија
- промовирање добри практики за работа на биоекономијата во безбедни еколошки граници
- подобрување на придобивките од биодиверзитетот во примарното производство
- Национални стратегии за биоекономија
Предвидувањата од Постојаниот комитет за земјоделски истражувања (SCAR) беа клучни во развојот на националните стратегии за истражување и иновации за биоекономија за земјите од ЕУ и за Комисијата. SCAR го сочинуваат 37 земји: негови членови се министерствата – или други организации како што се истражувачките совети – од сите земји на ЕУ, со набљудувачи од земјите кандидати и останати земји поврзани со ЕУ.
Иницијативата BIOEAST нуди заедничка стратешка рамка за истражување и иновации за работа кон одржливи биоекономии во земјите од Централна и Источна Европа.
ЕУ членки со национална стратегија за биоекономија
Австрија, Финска, Франција, Германија, Ирска, Италија, Летонија, Холандија и Шпанија
Земјите кои не се членки на ЕУ со национална стратегија за биоекономија
Норвешка и Обединетото Кралство
Извор: https://ec.europa.eu