Големите брендови повикуваат на глобален сојуз (пакт) за намалување на производството на пластика

Големите брендови повикуваат на глобален сојуз (пакт) за намалување на производството на пластика

 

Преставници на големи брендови ќе се сретнат на  конференција на Собранието на Обединетите нации за животна средина (UNEA 5.2) на крајот на годинава да се договорат околу начините за справувањето со кризата со пластичен отпад, кој ги гуши депониите, ги уништува океаните и убива дивиот свет што живее во нив.

Сеуште нема информации дали договорот ќе се фокусира на управувањето со отпадот и неговото рециклирање или ќе преземат поригорозни чекори како што е ограничувањето на новото производство на пластика, потег за кој најверојатно ќе наиде на отпор од големите нафтени и хемиски фирми и големите земји кои произведуваат пластика како Соединетите Американски Држави.

Денес, повеќе од 70 светски брендови ќе го потпишат овој пакт,  вклучувајќи ги компаниите Unilever и Nestlé, кои продаваат огромен број производи во пластика за еднократна употреба од шампон до чоколади, како и  трговецот Walmart и француската банка BNP Paribas.

„UNEA 5.2 е решавачкиот, најповолен момент за пресврт на глобалната криза со загадувањето со пластика. Не можеме да си дозволиме да го пропуштиме“, пишува во соопшението.

Истражување на Ројтерс од минатата година тврди дека само помалку од 10% од досега произведената пластика на глобално ниво е рециклирана, а новите методи за рециклирање кои ги промовираше индустријата за пластика, сеуште не ги дале очекуваните резултати.

Од друга страна, производството на пластика, кое се добива од нафта и гас, се предвидува двојно да се зголеми во рок од 20 години. Ова е клучен извор на идни приходи за енергенси, бидејќи побарувачката за фосилни горива опаѓа со порастот на обновливите извори на енергија и електричните возила.

Иако зголемувањето на глобалното рециклирање е од клучно значење за справување со пластичниот отпад, овие напори нема да го намалат загадувањето со пластика, кое ќе продолжи да расте, ако нема ограничувања на производството на пластика, е заклучокот на една студија од 2020 година.

 

Извор; Euractiv

Категории: Вести, Зелен развој