Tag "Сточарство"
АХВ носител на националните активности на кампањата на ЕФСА за африканската чума кај свињите
Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ), како контакт точка на Европската агенција за безбедност на храната (ЕФСА), втора година е носител на националните активности од регионалната кампања на ЕФСА за подигнување на јавната свест и поддршка на земјите во преземање на мерки за спречување на појавата и ширењето на африканската чума кај свињите. Годинашнава кампања, покрај во Албанија, Босна и Херцеговина, Грција, Косово, Северна Македонија, Словенија, Србија, Хрватска и Црна Гора, кои ЕФСА во 2019 година ги идентификуваше како
Видови на млечни крави застапени во Македонија
Според официјалните податоци во 2020 година бројот на млечни крави во Македонија изнесува 107.000. Во 2019 година, вкупното производство на кравјо млеко во Македонија изнесувало 390.903.000 литри, а годишното производство на кравјо млеко по едно грло изнесувало 3.438 литри. Моментално постојат 114 фирми за производство на млеко и млечни производи од кои 58 се микропретпријатија, 43 се мали претпријатија, 9 се средни претпријатија, а 4 големи претпријатија. Како еден од главните параметри за успешност во производството на млеко и
Услови за големи штети предизвикани од паразит во пчеларството
Оваа година за пчелите и пчеларите е особено тешка. Низа на настани и разни климатски промени кои не се својствени во периодот на цутење на медоносните растенија резултираа со многу мал принос на мед. Како резултат на тоа има се помалку храна во кошниците и затоа многу пчелари веќе активно ги прихрануваат пчелините легла. Ослабнатите роеви на пчели поради недоволната храна и лошите временски услови стануваат особено подлoжни на паразитарни заболувања од кои најголема штета предизвикува вароата. Вароа претставува
Фармер на денот – Никола Богдановски со само 21 година поседува голема фарма
Ви го претставуваме нашиот фармер на денот, тоа е 21 годишниот Никола Богдановски од скопското село Кадино. Тој иако е доста млад, веќе поседува голема фарма. Како што вели за веб порталот Моја Фарма, уште од многу мал бил постојано опкружен со животни, па така решил да направи своја фарма. На неговата фарма има поголем број на животни за кои се грижи сам. Toj e посветен на сточарството и живинарството. Како што вели тој, се одлучил да чекори
Сточарите возвраќаат: Не можеме повеќе да опстоиме, протестите не се политички мотивирани
Организирањето на протестите на сточарите нема политички мотиви, стоката не бара политика и не разликува дали ќе има работник од една или друга политичка партија. Сточниот фонд е 70% намален и ќе се намалува и понатаму, вели Тони Петковски, сточар од Витушина и еден од организаторите на земјоделските здруженија како потпретседател на земјоделско-сточарско здружение „Пелагонско поле“. „Лично јас 20 грла и 25 хектари обработлива површина ги дадов на оглас и ќе ги продавам. Веќе не можам да опстојам и нашите
3,5 милијарди денари за земјоделците но, дури во август – Ќе има трпение или револт?
Земјоделство ќе биде еден од најжешките сектори во наредниот период бидејќи планирани се повеќе промени и реформи, а ќе има и обиди за привлекување на поддршката од земјоделците во изборна година. Тоа што најмногу ги загрижува дел од земјоделците се неисплатените субвенции за претходната година, а државата во некои случаи “борчи” и за исплата на средствата од 2018. Крајниот предвиден рок за исплата на сите заостанати субвенции измина на 30 јуни. По пречекорувањето на рокот најгласни се сточарите кои и
Сточарите револтирани – Доколку не се исплатат субвенциите за минатата година ќе има протести и блокади
Доколку до крајот на јуни не бидат исплатени субвенциите за ситен и крупен добиток ќе бидат организирани протести и блокирање на патишта, изјави претстедателот на здружението на сточари, Ајрадин Бајрами. Причината за ова незадоволство се неисплатените субвенции за 2020 година за сточарите пред се во Кичевскиот регион, но исто така и во другите региони во државата. Иако во неколку наврати беше најавувана исплатата на субвенции, средствата се уште не се исплатени. Во моменти кога имаме континуирано глобално покачување на цените
Дали се сеќавате на млекарот со млекоматот – одлична бизнис идеја за нашите млекари
Дали се сеќавате на млекарот кој го постави првиот млекомат во Србија? Милован Нинчиќ е прогресивниот земјоделец кој успеа да го привлече вниманието на пошироката јавност скоро на целиот Балкан со поставување на првиот автоматизиран апарат во Србија за продажба на свежо полномасно млеко без никакви адитиви и додатоци. Причината за поставување на овој тип на делумно иновативна технологија е недостатокот на време, односно транспортот и продажбата на помали количини на млеко на повеќе стални потрошувачи. Милован Нинчиќ со полна
Сточарите може да аплицираат за два нови повици за поддршка преку АФПЗРР
Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, денеска објави два јавни повици, наменети за поддршка на сточарството. Средствата се обезбедни од Програмата за финансиска поддршка на руралниот развој за 2021 година. Наменети се за сточарското производство и ќе бидат дополнителна мотивација кај сточарите за да ги обновуваат своите стада со набавка на педигрирани говеда, овци и кози со висок генетски потенцијал. Средствата може да се искористат и за поддршка на овчарите преку субвенционирана плата, но и да се
Сточарите од Кичевско разочарани: Ако не ни ги исплатат субвенциите ќе поставиме блокади
Дел од сточарите се пожалија дека се уште не им се исплатени премиите за 2020 година кои требало да ги добијат до крајот на февруари. Според Ајрадин Бајрами претседател на Здружението на сточари од Кичевско постои голема разочараност од инертноста на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство. Годинава се соочуваме со најголеми проблеми во одгледувањето на матичните стада овци. Голем проблем ни претставуваат се уште неисплатените субвенции за 2020 година, што требаше да легнат на наша сметка уште во февруари.