АФПЗРР споделува искуство на вработените од Платежната агенција на Албанија во врска со имплементацијата на ИПАРД програмата

АФПЗРР споделува искуство на вработените од Платежната агенција на Албанија во врска со имплементацијата на ИПАРД програмата

 

 

Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој вчера и денес е домаќин на претставници на Агенцијата за земјоделство и рурален развој од Албанија.

Како што информира Платежната агенција, заменик директорот на АФПЗРР Ремзи Абдулахи на состанокот истакна дека преку обезбедување на меѓусебната соработка, двете институции и двете земји, заемно си помагаат. Целта, како што рече Абдулахи, е развој и јакнење на административната структура и капацитети, како и зголемена апсорпција на средства од ИПАРД програмата.

-Р. С. Македонија преку АФПЗРР веќе долго време успешно ја реализира ИПАРД програмата. Доказ дека институцијата ги користи сите расположливи капацитети за успешна имлементација на проекти финансисирани од ИПАРД е и целосното искористување на расположливиот буџет, кој беше одобрен од ЕУ за ИПАРД 2 програмата. Како држава, веќе две години по ред немаме кратење на првично утврдениот финансиски план. Потврда дека успешно ја спроведуваме оваа програма е и дисеминацијата на знаење на земјите од соседството кои го користат ИПАРД. Оваа и сите други посети се потврда дека земјава има важна, лидерска улога во имплементацијата на ИПАРД програмата, истакна Абдулахи.

Вработените од Платежната агенција на Р. С. Македонија во овие два дена ќе ги пренесат знаењата, искуствата, процесот на работа и подготовка на проектите од ИПАРД програмата.

-Ќе се споделат искуствата околу надлежностите и начинот на обработка на проектите при обезбедување на референтни цени за сите ставки кои се предмет на инвестициите во барањата за финансиска поддршка преку проектите од ИПАРД 2. Вработените од двете Агенции ќе разменат искуства околу комуникацијата со правните лица кои се јавуваат како добавувачи на ИПАРД проектите и преку кои се обезбедуваат информации за цените кои се понудени во предложените проекти, се наведува во соопштението.

На оваа дводневна работилница ќе се споделат и методологиите за оформување на референтни цени, а ќе се запознаат и со процедурите од аплицирање, преку обработка на барањата за ИПАРД па се до потпишување на договори и исплатата на финансиската поддршка.

-Со помош на средствата од ИПАРД програмата, земјите од регионот ги јакнат секторите земјоделство, а паралелно се развиваат, модернизираат микро и макро претпријатијата со што примарното производство добива додадена вредност, стои во соопштението од АФПЗРР.

 

Категории: Вести