Белорусија ќе и воведе ембарго на Р. С. Македонија

Белорусија ќе и воведе ембарго на Р. С. Македонија

 

Oд 1. јануари 2022 година Белорусија ќе воведе ембарго на увоз на широк асортиман на прехранбени производи од земјите кои воведоа санкции против официјален Минск, објави прес-службата на белоруската влада.

– Утврдениот список на роба со потекло од ЕУ и нејзините членки, САД, Канада, Норвешка, Албанија, Исланд, С. Македонија, Обединетото Кралство, Црна Гора, Швајцарија е забранет за увоз на територијата на Белорусија и продажба на територијата на Белорусија – се наведува во документот, објавен од белоруската влада.

Како што било прецизирано, Белорусија за само 10 месеци од годинава увезла храна и прехранбени производи во вредност од над 530 милиони долари од споменатите „земји кои водат дискриминаторска политика и спроведуваат непријателски дејствија против нив“.

Прес-службата на владата на Белорусија посочува дека одлуката е донесена „со оглед на постојаните обиди на колективниот Запад да изврши незаконски санкции притисок врз земјата“.

На списокот на храна чиј увоз е забранет се месни производи, сол, кондиторски производи, млеко, јаткасти плодови, овошје, живи свињи… Ембаргото нема да важи за храна за бебиња и за некои други артикли.

 

Категории: Вести