Благо намалување и на цените на млечните производи во светот

Благо намалување и на цените на млечните производи во светот

 

ФАО индексот на цените на млечните производи во јуни во просек бележи 119,9 поени, што е за 1,2 поени помалку (1,0 проценти) во однос на мај, прекинувајќи го дванаесетмесечното зголемување. Вредноста на индексот изнесуваше 21,6 поени (22,0 проценти) повеќе во однос на истиот месец минатата година. Во јуни, паднаа меѓународните цени за сите млечни производи претставени во индексот, при што путерот забележа најголем пад, пред се поради намалената глобална побарувачка за увоз и благ пораст на залихите, особено во Европа. Цените на млекото во прав се намалија поради намалените набавки од Кина и пониската локална побарувачка, додека достапноста на глобалниот извоз остана во нормално ниво за да ги задоволи постојните нарачки. Глобалните цени за сирење и обезмастено млеко во прав се намалија малку, поради намалената глобална побарувачка за увоз и поголемите залихи на извоз од најголемите региони за производство на сирење и обезмастено млеко.

Цени млеко Јуни

Извор: ФАО

млеко јуни 2021

Извор: ФАО

млеко ФАО Јуни 2021

Извор: ФАО

 

Автор: Марио Петковски

Законски е забрането неовластено преземање на содржини од МојаФарма.мк без наведување на извор на информацијата, цитат и пренесување на линк до оригиналната страница. МојаФарма.мк може да покрене соодветна постапка за заштита на своите права пред надлежен орган.

Категории: Вести, Пазари