Технологијата во земјоделството не е нешто ново. Всушност, за тоа имаме пишувано во повеќе наврати. Каде е Македонија кога станува збор за имплементирање на новите техничко-технолошки пронајдоци? Дали македонскиот земјоделец е во тек со најновите случувања во овој сектор? Како еден од проблемите во земјоделството, сметаме дека е и недоволната информираност на обичниот земјоделец кога е во прашање иднината на земјоделството. Моја Фарма, како портал токму од областа на земјоделството и храната, редовно ги доближува најновите Светски технолошки откритија до македонските ниви.
Освен што изгледаат футуристички, новите откритија можат да бидат и многу практични, а воедно и економични. Автономен трактор, робот за комплетно градинарско производство, дрон за распрскување, влечен кардански сеновртач, моќна ливадска косилка за екстремни услови, огромен приклучен распрскувач, автономен робот за плевење…
Погледнете го ова убаво видео, каде што се претставени овие модерни машини кои во иднина ќе ја олеснат работата на земјоделецот: