Запленети над 1,200 тони на илегални пестициди во Европа – Акција наречена “Сребрена секира” спроведена од страна на Европол

Запленети над 1,200 тони на илегални пестициди во Европа – Акција наречена “Сребрена секира” спроведена од страна на Европол

 

1200 тони на нелегални пестициди паднаа во рацете на европската полиција во голема акција спроведена низ целата Европска Унија.

Во периодот од 13 јануари до 25 април 2021 година, европската агенција за разузнавање Европол ја предводеше акцијата за сузбивање на криминалниот синџир за продажба на фалсификувани и илегални пестициди. Акцијата наречена ”Сребрена секира 6” во која беа вклучени 35 земји (сите 27 ЕУ членки и 8 други земји) резултираше со запленети 1,203 тони на илегални пестициди и 12 апсења во Италија и Шпанија. За време на операцијата беа таргетирани продажбите на фалсификувани и забранети продукти и нерегулираните увози на пестициди.

Акцијата ”Сребрена секира” беше начелно создадена за покоординиран начин во борбата против криумчарењето на илегалните пестициди. Оваа акција е започната уште од 2015 година и досега како резултат се запленети скоро 3,771 тони на пестициди.

 

Категории: Вести