Државата има доволно пченка и пченица уверуваат од Министерството за земјоделство

Државата има доволно пченка и пченица уверуваат од Министерството за земјоделство

 

 

Во државата има сосема доволна количина пченка и пченица, a во домашните млинови има залиха од 45.000 тони пченица, количини кои се доволни за потребите на домашниот пазар до следната реколта, велат за Нова ТВ од Министерството за земјоделство, коментирајќи ја изјавата на српскиот претседател Александар Вучиќ дека Македонија побарала да купи пченица и пченка од нашиот северен сосед.

– Министервата за земјоделство на Р. С. Македонија и Република Србија имаат континуирана комуникација за сите земјоделски производи што се извезуваат и узвезуваат од двете страни, вклучително и за пченица и пченка, се вели во соопштението.

Од таму потенцираат дека споменатите количини се во годишните планови на стопанските субјекти, кои им се планирани да ги увезат до почеток на жетва со цел како и секоја година да бидат покриени потребите на домашниот пазар и работата на млиновите, пекарите и други субјекти, не за потребите на државата или стоковите резерви.

 

Категории: Вести