Поттикнување на одржливите иновации во земјоделството и производството на храна со Проектот Плутос

Поттикнување на одржливите иновации во земјоделството и производството на храна со Проектот Плутос

 

 

Здружението Платформа за зелен развој од Скопје како претставник од Р.С. Македонија е партнер во проектот Плутос кој се спроведува под покровителство на ЕУ, во рамките на програмата за иновации, истражување и развој – Хоризонт 2020. Во реализацијата на проектот се вклучени 33 организации од 13 европски земји. 

Проектот има за цел да обезбеди Рамка за одржливи иновации, а во насока на развој и унапредување на земјоделството, производството и дистрибуцијата на храна. 

Проектот Плутос обединува земјоделци, компании од прехранбената индустрија, научници, специјалисти за ИКТ и креатори на политики за да се осигура дека синџирот на вредности ги исполнува социјалните и еколошките барања.

Имплементацијата на проектот подразбира спроведување на 11 Oдржливи иновативни пилот програми во неколку региони во Европа. Секој пилот има фокус на одреден сегмент од ланецот на вредности во земјоделството и индустријата за храна, но заедничката цел е промоција и унапредување на процесите преку собирање и обработка на големи количини на различни податоци. 

Повеќе информации за проектот Плутос можете да најдете на следниот линк.

 

Категории: Вести, Зелен развој