Како да се подигне квалитетот на производство на млеко во Македонија?

Како да се подигне квалитетот на производство на млеко во Македонија?

 

Производството на млеко и млечни производи во Р.С. Македонија има своја традиција, особено со посебните карактеристики од различните региони на производството. Но, за подобар квалитет на производите потребно е да се обезбеди производство на квалитетно млеко. Особено ако се има во предвид стремежот на државата за побрзо зачленување во ЕУ каде постојат високи стандарди и регулативи во ланецот на млеко-производството и млечните производи, беше истакнато на вчерашната прес конференција во Стопанската комора на Северна Македонија.

– Во млечната индустрија, обезбедувањето висок квалитет на производите започнува уште од преземањето на сировото млеко од фармите, преку дистрибуцијата, па сè до нивното правилно складирање и чување во директните продажни места. Ова е особено важно за кисело-млечните производи, како што се јогуртот, киселото млеко, павлаката и други производи од овој тип, кои се температурно осетливи и за кои е задолжително, во целиот процес на производството, дистрибуцијата, продажбата, па сè до крајното сместување во фрижидер во домаќинствата, да бидат чувани во специфични услови. Токму овој процес се нарекува ладен ланец, а контролирана оптимална температура на целиот ланец е од 2 до 8 степени, информираше Ѓорѓи Петрушев, Претседател на Групацијата за производство, откуп и преработка на млеко при Стопанската комора на Македонија.

Тој во име на индустријата го изрази задоволството од објавената мерка бр. 4 од страна на Агенцијата за поддршка на земјоделството и руруалниот развој за набавка на висококвалитетни говеда, овци и кози, со што значително ќе се подобри генетскиот материјал на сточниот фонд како и квалитетот на крајниот производ на пазарот.

Целта на оваа кампања е едукација на крајните потрошувачи и продавачите по продажни места за значењето на ладниот ланец и придобивките од почитувањето на истиот.

  • Едукација на потрошувачите и продавачите за важноста на одржувањето на квалитетот на производите се до конзумација
  • Едукација за последиците од прекршувањето на ладниот ланец
  • Зголемување на задоволството на крајниот потрошувач на млечни производи
  • Зголемена конзумација на млечни производи по жител
  • Зголемена потрошувачка на млечни производи во продажниот ланец

Запазувањето на ладниот ланец е комплексниот процес, почнувајќи од фармерите и самите млеко-преработувачи, преку дистрибутерите и трговците, па сѐ до крајните потрошувачи.  Групацијата прави напори со сите расположливи средства да ги едукација  сите засегнати страни за важноста на оддржувањена на квалитетот на производите, но и последиците од прекинувањето на тој ланец, се со цел  да се гарантира задовволството кај потрошувачот.

Затоа соработката помеѓу компаниите од комората и надлежните институции, пред се ресорното министерство, Агенцијата за храна и ветеринарство како и Асоцијацијата на потрошувачи на Македонија треба да се  највисоко ниво, во која меѓу другото се токму и повеќе вакви иницијативи и политики што ќе придонесат за развој на индустријата.

млеко и квалитет

Извор: Pixaby

Со сегашната законската регулатива, млекото се плаќа по количина – како литар течност, без оглед на квалитетот. На долг рок, посебно со заложбите за влез во Унијата, таквата состојба е неодржива. Затоа важно е исплата на млекото според матрица на квалитетивни компоненти (масти, протеини, сува материја, микробиологија, вода).

За ова да профункционира, потребен е цел еден систем на поврзани институции кои ќе го спроведуваат и контролираат квалитетот на млекото, и се разбира целиот процес да биде задолжителен за сите чинители на пазарот.

 

Категории: Агро Бизнис, Вести