Николовски: Зајакнати теренски контроли во делот исплати на субвенции и користење на земјоделско земјиште

Николовски: Зајакнати теренски контроли во делот исплати на субвенции и користење на земјоделско земјиште

 

 

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски оствари редовен работен состанок со директорите на Управите и органите во состав на министерството.

Било разговарано за повеќе тековни случувања, предлози и идеи за надминување на предизвиците со кои се соочуваат.

– Зајакнати теренски контроли во делот исплати на субвенции и користење на земјоделско земјиште, носење на соодветна правна регулатива за поефикасно функционирање, како и предлози во делот на нивна професионализација за подобар успех, беа дел од заклучоците на денешниот координативен состанок. Работиме во интерес на граѓаните и државата, посочи Николовски.

 

Категории: Вести