ФАО индексот на цените на храната во јуни 2021 година во просек изнесуваше 124,6 поени, што е за 3,2 поени помалку (2,5 проценти) во однос на мај, но сепак за 31,5 поени (33,9 проценти) повисоко од неговото ниво во истиот период минатата година. Падот во јуни го означи првиот пад по дванаесет последователни месечни зголемувања. Овој пад на цените се должи на намалување на цените на растителните масла, житарките и, во помал степен, на цените на млечните производи, и притоа генерално ги неутрализираше повисоките цени за месо и шеќер.
Автор: Благоја Муканов
Законски е забрането неовластено преземање на содржини од МојаФарма.мк без наведување на извор на информацијата, цитат и пренесување на линк до оригиналната страница. МојаФарма.мк може да покрене соодветна постапка за заштита на своите права пред надлежен орган.