Повисоки цени забележани кај сите млечни производи!

Повисоки цени забележани кај сите млечни производи!

 

ФАО индексот на цените на млечните производи за декември во просек изнесуваше 132,1 поени, што е за 2,4 % повеќе во однос на декември 2021 година, што претставува петти последователен месечен пораст и покачувајќи го индексот за 20,8 поени (18,7 отсто) над неговата вредност во соодветниот месец минатата година.

Во јануари поскапеа сите млечни производи, каде што најсилно беше одразено поскапувањата кај обезмастеното млеко во прав и путерот. Јануарското зголемување е поткрепено со затегнување на глобалните пазари, како одраз на намалувањето на достапноста на извозот, особено од Западна Европа, каде имаше намалување на испораките на млеко и пониски нивоа на залихи. Очекувањата за производството на млеко во Океанија да продолжи со под просечните нивоа во месеците што следат, придонесоа кон затегнување на светските пазари на млечни производи.

Дополнително, доцнењето на преработката и транспортот на млекото поради недостигот на работна сила поврзана со КОВИД-19 дополнително придонесе за повисоки цени на млечните производи.

Извор: ФАО

Извор: ФАО

Извор: ФАО

 

Категории: Пазари