Птичјиот грип причина за тревога во Франција, подигнат степенот за предупредување
Министерството за земјоделство на Франција го подигна нивото на предупредување за опасност од појавата на птичји грип. Овој вирус е откриен кај живина на фарма на североистокот од земјата, се откриени повеќе случаи во соседна Белгија и во Луксембург.
Високозаразниот вид птичји грип, H5N8, беше откриен оваа недела меѓу патки, кокошки, мисирки и гулаби во едно домаќинство во регионот на Ардените и целата живина беше заклана како мерка на претпазливост, се вели во соопштението на француското Министерство.
„Здравствената состојба во врска со високопатогениот птичји грип е загрижувачка. Од 1-ви август во Европа се откриени 25 случаи на диви птици и оние што се одгледуваат дома“, посочуваат од Министерството.
Два случаја на вирусот H5N8 беа пријавени минатата недела во Белгија – еден кај продавач на птици и еден во приватен дом, а другиот во домаќинство во Луксембург поврзано со трговец во Белгија.
Последните случаи на птичји грип H5N8 ја натераа Франција да ја подигне процената на ризик на умерена од занемарлива, што значи дека живината во некои региони во земјата ќе мора да се чува во затворени простории, соопшти Министерството.
Епидемијата на птичји грип може да ги поттикне земјите увознички, особено во Азија, да воведат трговски ограничувања за производите од месо од живина.