Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ) одлучи од полноќ да се намалат малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,28%.
Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се зголемува за 0,407 ден/кг и сега ќе изнесува 41,852 ден/кг.
Малопродажните цени на ЕУРОСУПЕР БС-95 и на ЕУРОСУПЕР БС-98 ќе се намалат за 1,50 ден/лит, додека пак цената на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) и на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) ќе се зголемат за 0,50 ден/лит.
Со тоа, малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 ќе изнесува 75,00 ден/лит и 77,00 ден/лит за ЕУРОСУПЕР БС-98, а пак малопродажната цена за Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) ќе изнесува 67,00 ден/лит, односно 68,00 ден/лит за ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) .
Категории:
Вести