Тридневна временска прогноза (06.12.2021)

Тридневна временска прогноза (06.12.2021)

Тридневна временска прогноза за Македонија, 5 – 7 декември 2021 година

Понеделник 06.12.2021: Под влијание на поголем влажен бран, времето ќе биде облачно со врнежи од дожд и истите локално ќе бидат ПОИНТЕНЗИВНИ (над 30 л/м2). На повисоките планини ќе има врнежи од снег и таму ќе се формира нова снежна покривка. Ќе дува умерен до засилен ветер од јужен и од југоисточен правец.  Температурите нема многу да се менуваат во однос на оние кои ги имавме во изминатите денови, и минималните ќе се спуштаат во интервалот од 2 до 8 степени, додека максималните ќе се искачуваат во интервалот од 6 до 14 степени.

Вторник 07.12.2021: Поради спуштање на студена воздушна маса од север, времето ќе биде облачно и студено со врнежи од дожд и снег на повисоките места и на планините. На повисоките места и на планините ќе се формира нова снежна покривка, а услови за врнежи од снег ќе има и на некои пониски места. Ќе дува умерен, а Долж Повардарието повремено засилен ветер од северен и од северозападен правец.  Температурите ќе бележат тенденција на значително опаѓање, особено максималните дневни. Додека минималните ќе се спуштаат во интервалот од 0 до 6 степени, максималните ќе се искачуваат во интервалот од 0 до 8 степени.

Среда 08.12.2021: Претежно сончево со мала локална облачност и со слаб до умерен ветер од западен и од северозападен правец. Поради разведрувањето минималните температури ќе бидат значително пониски и ќе се спуштаат во интервалот од -8 до 0 степени, додека максималните ќе се искачуваат во интервалот од 2 до 11 степени.