Петок 15.04.2022: Сончево и уште потопло со мала до умерена локална облачност и со слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималните температури насекаде ќе бидат над нулата и истите ќе се спуштаат во интервалот од 0 до 6 степени, додека максималните ќе се искачуваат во интервалот од 18 до 25 степени.
Сабота 16.04.2022: Облачноста постепено ќе се зголемува и доцна попладне и навечер ќе има услови за локален дожд. Ќе дува слаб до умерен, а попладне и навечер и тоа Долж Повардарието засилен ветер од северен правец. Минималните температури нема многу да се менуваат и ќе се спуштаат во интервалот од 0 до 7 степени, додека максималните дневни ќе се искачуваат во интервалот од 15 до 22 степени.
Недела 17.04.2022: Облачно и ЗНАЧИТЕЛНО ПОСТУДЕНО со повремени врнежи од дожд и истите локално и тоа особено во јужните и во југоисточните предели ќе бидат ПОИНТЕНЗИВНИ. На планините и на повисоките места врнежите од дожд полека ќе преминуваат во врнежи од снег со што ќе дојде до формирање на нова снежна покривка. Ќе дува засилен ветер од северен правец, додека минималните температури ќе се спуштаат во интервалот од 3 до 8 што значи дека ќе бидат повисоки и тоа поради облачноста, додека максималните дневни температури ќе бидат пониски дури за повеќе од десет степени во споредба од претходните денови и ќе се искачуваат во интервалот од 5 до 11 степени.
Петок 15.04.2022: Сончево и топло со мала до умерена локална облачност и со слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималните температури ќе се спуштаат во интервалот помѓу 5 и 6 степени, додека максималните ќе се искачуваат во интервалот помеѓу 19 и 20 степени.
Сабота 16.04.2022: Облачноста постепено ќе се зголемува и ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималните температури ќе се спуштаат во интервалот од 6 до 7 степени, додека максималните ќе се искачуваат во интервалот помеѓу 18 и 19 степени.
Недела 17.04.2022: Облачно и ЗНАЧИТЕЛНО ПОСТУДЕНО со повремени врнежи од дожд и снег на планините и на некои од повисоките места. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец. Минималните температури ќе се спуштаат до околу 6 степени, додека максималните ќе се искачуваат во интервалот помеѓу 7 и 8 степени.
Петок 15.04.2022: Сончево и топло со мала до умерена локална облачност и со слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе се спушти до околу 4 степени, додека максималната ќе се искачи до околу 21 степен.
Сабота 16.04.2022: И во овој дел од државата облачноста постепено ќе се зголемува, а ќе дува и слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до околу 4 степени, додека максималната ќе се искачи до околу 20 степени.
Недела 17.04.2022: Облачно и ЗНАЧИТЕЛНО ПОСТУДЕНО со врнежи од дожд и со умерен до засилен ветер од северен и од северозападен правец. Минималната температура ќе се спушти до околу 8 степени, додека максималната ќе се искачи до околу 10 степени.
Петок 15.04.2022: Сончево и топло со мала до умерена локална облачност и со слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималните температури ќе се спуштаат во интервалот од 0 до 5 степени, додека максималните ќе се искачуваат во интервалот од 18 до 22 степени.
Сабота 16.04.2022: Постепено облачноста ќе се зголемува и ќе дува слаб до умерен, а попладне и навечер засилен ветер од северен правец. Минималните температури ќе се спуштаат во интервалот од 0 до 5 степени, додека максималните ќе се искачиуваат во интервалот од 15 до 21 степен.
Недела 17.04.2022: Облачно и ЗНАЧИТЕЛНО ПОСТУДЕНО со повремени врнежи од дожд и со засилен ветер од северен правец. Минималните температури ќе се спуштаат во интервалот од 3 до 6 степени, додека максималните ќе се искачуваат во интервалот од 5 до 9 степени.